Сончево и многу топло време, од среда пад на температурите
Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Дневните температура ќе се движи од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9.
Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени.
Во првите два дена од претстојната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Како што соопшти УХМР, в среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.