ЕУ неволна и понатаму да го одложува Брегзит
Ирскиот премиер Лео Варадкар денеска изјави дека лидерите на ЕУ биле „многу неволни“ да одобрат уште едно одлагање на Брегзит. Тој рече дека многу членки на ЕУ се „многу фрустрирани“ и дека би го одложиле Брегзит само поради „многу добра причина“, на пример избори во Велика Британија.
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ, првично планирано за 29 март, беше одложено откако британскиот парламент го отфрли договорот за излегување кој го потпиша премиерката Тереза Меј со Брисел. Новиот датум за Брегзит е 31 октомври.
Меј минатиот месец поднесе оставка, а нејзините потенцијални наследници, Борис Џонсон и Џереми Хант, ветуваат дека ќе ја изнесат Британија од ЕУ, со или без договор.
Мнозинството економисти тврдат дека Брегзит без договор би ја довел земјата во рецесија.