Мицкоски: Заев наместо извинување требаше да поднесе оставка
„Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже на неговата прес-конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Петровец.
Мицкоски порача и дека е катастрофално тоа што можело да се чуе во разговорите што Заев ги водел, особено, како што наведе, согласноста за поткупот на Патријархот Вартоломеј.