Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер
„Скулптурата која најверојатно била изработена во 2-3 век од н.е. е сочувана во височина од околу 50 см. Откриена во секундарен контекст, односно во остатоците од срушен ѕид од куќа од 6-иот век, каде била употребена како градежен материјал. Токму поради тоа недостасуваат главата, десната рака и постаментот со стапалата“, се наведува во соопштението.
Со оглед на тоа што во 6-иот век, христијанството е доминантната религија, како што се посочува, чест е случајот на уништување и употреба на скулптурите на паганските божества од претходните векови како градежен материјал.