ЕУ го повика Иран да го врати нивото на збогатување на ураниум
„Ние продолжуваме да го повикуваме Иран да не презема понатамошни мерки со кои ќе го поткопа нуклеарниот договор за да се запре и да се сменат сите активности што не се во согласност со Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), вклучувајќи го и производството на ниско збогатен ураниум”, изјави портпаролката на ЕУ.
Иран соопшти дека ќе го зголеми збогатувањето на ураниумот за неколку часа над нивото поставено со нуклеарниот договор, потег што би можел да значи враќање на сите економски санкции врз Техеран.