Арта Точи од Алијансата на Албанците на пратеничкото место на Мемеди
Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.