Јанакиески вратен во притвор ќе се лекува со терапија
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е вратен во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, откако беше однесен на лекување во болницата „8 Септември“. Јанакиески се пожалил на болка во бубрезите по што му е препишана терапија. Јанакиески штрајкува со глад во затворот поради изречената мерка притвор.
Јанакиески заврши во притвор откако обвинителството покрена истрага за продажба на државно земјиште. Според истрагата, Јанакиески заедно со останатите осомничени во случајот го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра. Освен за Јанакиески судот на 29 јуни одреди притвор за уште седум осомничени, а за двајца беа одредени мерки за претпазливост.