Турција со предупредување до САД за рускиот ракетен систем
Турција ги повика САД да не преземаат чекори со кои ќе се нарушат билатералните односи меѓу двете земји откако портпаролот на Стејт Департментот, Морган Ортагус изјави дека Анкара ќе се соочи со негативни последици од купувањето на рускиот ракетен одбранбен систем С-400.
Турското министерство за надворешни работи соопшти дека таквите изјави не се во согласност со духот и содржината на разговорите меѓу претседателите на САД и Турција на самитот на Г20 во минатиот месец.