Невремето го остави без струја преспанското крајбрежје
Десетина села во Преспа останаа без струја откако доцна попладнево регионот беше погоден од силна бура велат од Центарот за управување со кризи. Дожд, гради и силен ветер половина час беснеел на преспанското крајбрежје и го погодил автокампот Крани како и селата Наколец,Сливница, Љубојно, Долно Дупени, Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени.
„Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции, се наведува во соопштението.