Генерал Мили - Стратешка грешка ако САД предвреме се повлечат од Авганистан
Генералот денеска имаше сослушување во Сенатот. Тој изјави дека верува оти војната може да се доведе до крај преку преговори со талибанците. Тој рече дека има „одреден напредок“ во тој напор.
Мили, исто така, рече дека САД треба да го задржат „скромниот број“ на сили во Ирак и Сирија за да ја одржат стабилноста.
САД и талибанците преговараат за повлекување на странските сили од Авганистан во замена за ветување од милитантите дека авганистанската територија никогаш повеќе нема да се користи за лансирање терористички напади врз САД и нивните сојузници.
Американскиот посебен мировен пратеник, Залмај Калилзад, за последниот круг од разговорите со талибанците рече дека бил најпродуктивниот досега.