Во бомбашки напад на свадба во Авганистан 6 жртви
Авганистанските власти соопштија дека најмалку 6 лица се убиени кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот на свадба во источниот дел на земјата.
Според властите, бомбашот самоубиец го извршил нападот во куќата на командант на милицијата Малек Тор, кој исто така загинал во нападот во покраината Нангахар. Тор ја предводеше групата за борба против талибанците и милитантната група Исламска држава. Во нападот биле повредени и 14 лица.