Павлопулос не потпиша декрет за избор на претседател на Врховниот суд
Правната служба на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги врати до Владата двата нацрт претседателски декрети за избор на претседател и обвинители во Врховниот суд во Грција избрани од претходната влада, јавува МИА.
На 31 мај, на вонредна владина седница, зад затворени врати, тогашната влада на СИРИЗА донесе одлука за избор на новите челници на највисоките судови, а од Нова демократија тогаш оценија дека изборот е противуставен и нелегален, бидејќи земјата беше пред парламентарни избори.
На почетокот на мај започнаа процедурите во грчкиот Парламент за избор на претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројца заменици претседатели на Уставниот суд на Грција, бидејќи мандатот на актуелните им беше до 30 јуни.