„Локум фест 2019“ или желба за европски однос кон културата
Со програма во која се звучни имиња како Марко Боско од Бразил, Маки Хацкија од Кина, Танос Ставридис од Грција и нашите АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА, ПЕРИЈА или Јордан Костов, во Битола, од 18 до 20 јули, се одржува 13-от „Локум фест“, чија цел е промовирање на живото културно наследство.