Украинците гласаат на предвремени парламентарни избори
Украинците денеска гласаат за нов парламентарен состав на избори на кои се гледа како барометар за популарноста на претседателот Володимир Зеленски, кој на позицијата е два месеца. Зеленски победи на претседателските избори по години лоша економија, висока корупција и војна со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека поранешниот комичар Зеленски кој глумеше претседател во популарна телевизиска серија, ја задржал поддршкаата.
Зеленски, на 21 мај, ден по неговата инаугурација, потпиша уредба за распуштање на парламентот и соопшти дека на 21 јули ќе биде избран нов.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 20 часот вечерва. Првичните официјални резултати се очекуваат утре наутро.