Пратениците утре ќе гласаат за измени на собранискиот Деловник
Пратениците утре напладне на продолжението на 106-тата седница ќе гласаат по Предлог-деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието, кој се носи по скратена постапка.
Предлагач на измените е претседателот на Собранието Талат Џафери, и според него измените треба да придонесат за целосна примена на Законот за употреба на јазиците.
За оваа точка од дневниот ред на 106-тата седница реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Според него со носење на измените по скратена постапка, не се почитува процедурата и не е во согласност со процесот „Жан Моне“ во кој политичките партии, како што рече, консензуално се договраат за донесување деловник во Собранието.
Тој го праша Џафери зошто предлогот за измени содржи дел од незатворени прашања од процесот „Жан Моне“ и не им е оставено на пратеничките групи заедно и консензуално да го донесат.
Мицевски рече дека сите погочлеми работи се донесени или по скратена постапка или со непочитување на процедурите на законодавниот дом.
Џафери одговори дека Законот за употреба на јазиците донесен во 2018 година е во сила и дека со него начелно е предвидена законска обврска во рок од шест месеци да се усогласат подзаконските акти на Собранието.
Собранието попладнево по скратена постапка донесе закон за основање јавно претпријате Македонска радиодифузија, како и законите за правда за децата, за земјоделство и рурален развој и Закон за пожарникарство