Прво обраќање на Џонсон како премиер: До 31 октомври излегуваме од ЕУ
Британскиот премиер Борис Џонсон, по неговото вчерашно официјално назначување, денеска се обрати на својот кабинет, со посебен акцент на Брегзит. Џонсон го повтори ветувањето дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија до 31 октомври и им рече на членовите на владата дека им претстои важна задача во клучниот момент на историјата на земјата, објави Би-Би-Си.
„Сите сме посветени за тоа да ја напуштиме ЕУ до 31 октомври или порано, без ако и без но“, истакна Џонсон и додаде дека новата влада нема да го чека тој датум за да го почне „фантастичниот нов план“ за Голема Британија, што подразбира спроведување на приоритетите на народот.