Либија- околу 150 мигранти исчезнати при бродска несреќа
Повеќе од 150 мигранти се исчезнати и се стравува дека можеби се загинати откако бродот со кој се превезувале се превртел во Средоземното море во близина на Либија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Според УНХЦР други околу 150 мигранти биле спасени рибарите и вратени на брегот.
Либија долго време е главната транзитна рута за мигрантите особено од субсахарска Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа. Според Меѓународната организација за миграции 426 мигранти загинале од почетокот на годинава досега во водите на Средоземното море.