Кадри Весели одбил да биде нов косовски премиер
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција да биде нов премиер на Косово, абјавија новинските агенции, повикувајќи се на локалните медиуми.
„Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори“, изјави Весели.
Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.