Вучиќ: Нема независно Косово, ако Србија не добие ништо
Тој додаде дека „не е во прашање само рокот, туку во прашање е и содржината кога станува збор за Косово, потенцирајќи дека „проблемот е во тоа што ќе се договори“.
„Не знам која е тука идејата? Она што јас имав како идеја беше отфрлена од сите. На никој не им се допадна. Ајде да видиме каква е вашата идеја затоа што ја немам слушнато, освен што видов уште поголем притисок врз мен. Србија не може да се согласи на независност на Косово ако Србија не добие ништо“, рече Вучиќ.