Усвоен мораториум на градбите во Охрид според препораките на УНЕСКО
Со оваа одлука практично се усвојуваат препораките што ги донесе Владата на 146-та седница од 23 минатиот месец, препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ја поздрави одлуката на советниците да се подржат активностите во насока на зачувување на заштитениот статус на градот под УНЕСКО.