Костадинов: Снимките не покажуваат вмешаност на Заев во „Рекет“
„Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран. Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите“, наведува Костадинов.
Според него, секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски. Костадинов наведува и дека лицата кои се појавуваат на снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат во странски медиуми.