Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го отфрли странското влијание и повика претседателските избори да се одржат во наредниот месец, согласно плановите и во услови на преговори меѓу САД и талибанците кои имаат за цел да стават крај на конфликтот во земјата. Тој порача дека без легитимна и силна влада која ќе биде избрана на избори, Авганистанците нема да имаат можност да постигнат достоен мир.Според него, постигнувањето на мир е возможно само меѓу исламските власти и талибанците.
„За нашата иднина не може да се одлучува однадвор. Судбината на Авганистан ќе биде решена дома. Ние не скаме никој да интервенира во нашите работи“, рече Гани во телевизиско обраќање.