Ние немаме никаква државна стратегија за финансирање на содржини за деца. Без разлика што од Министерството за култура постојано зборуваат дека ќе се посвети поголемо внимание на содржините за деца и за младинци, нам безмалку ни се случува истото. И, тоа од година в година, вели во интервјуто за РСЕ - Билјана С. Црвенковска, писателка и уредник за литература за деца и млади.