Блокиран аеродромот во Хонгконг
На аеродромот во Хонгконг, кој е еден од најфреквентните во светот, укинати се 160 летови. Се работи на тоа аеродромот утре повторно да работи.
Помала група на демонстранти протестираше на аеродромот за време на викендот, но обвинувањата дека полицијата употребила непотребна сила против демонстранти ширум Хонгконг предизвика луѓето масовно да се соберат на аеродромот на кој дневно има по 1000 полетувања и слетувања.
Луѓето кои протестираат бараат шефицата на владата во Хонгконг. Кери Лам, да си поднесе оставка, да има директни избори, да се ослободат луѓето уапсени на претходните протести и да има истрага за тоа како полицијата се справува со демонстрантите.