Кина одби два американски воени брода да дојдат до Хонг Конг
Официјален Пекинг го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг во следните недели, соопштија американски функционери кои сакаа да останат анонимни, објави новинската агенција Ројтерс. неименуваните извори велат дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола да го посети Хонг Конг кон крајот на месецов, додека крстосувачот „Лејк Ири“ побарал одобрување за посета во септември.
Еден од функционерите додаде дека конкретна причина за одбивањето не е наведена, но дека таквот потег не е без преседан. Слично барање Кина веќе одбила во ноември 2018 година, објави Ројтерс.
Политичката криза во Хонг Конг кој е под кинеска управа се продлабочува, а вчера полицијата се судри со демонстрантите кои го блокираа терминалот на меѓународниот аеродром.