И ЛГБТИ заедницата бара јавно извинување од Заев
Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го бара премиерот Зоран Заев јавно да се извини за дадените изјави во врска со ЛГБТИ заедницата.
Според реакцијата на Националната мрежа, вчерашната изјава за медиумите на премиерот, пропратена со подоцнежната објава на „Твитер“ дека со зборот „педер“ мислел на карактерна особина, а не за означување на сексуална припадност, „е уште понавредливо оправдување“.
За да се санира настанатата штета, од Националната мрежа го повикуваат премиерот Заев не само јавно да се извини, туку и бараат тој уште поинтензивно и посериозно да се зафати со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во земјава.