УХМР - Попладнево промена на времето со пороен дожд и силен ветер
Времето до крајот на денот ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од таму наведуваат дека во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи,