НАТО за инцидентот над Балтичкото Море: Руските Су-27 немаа план за летање
НАТО даде дополнителни информации за инцидентот кој се случи пред еден ден над Балтичкото Море, наведувајќи дека воените авиони на алијансата се приближиле до два руски придружни авиони Су-27 кои летале без план за летање и со исклучени транспондери.
Еден ден претходно руското Министерство за одбрана тврдеше дека два од нивните Су-27 воени авиони принудиле да се оддалечи авион на НАТО Ф-18, откако тој се приближил до авион во кој се наоѓал рускиот министер за одбрана Сергеј Шојги над меѓународни води.
Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску денеска изјави дека руски Ту-214 придружуван од два руски Су-14, бил следен на 13 август над Балтичкото Море во близина на воздушниот простор на НАТО.
„Ту-214 имаше ваечки план за лет. Но, двата придружни Су-27 летаа без план за лет, нивните транспондери беа исклучени и не комуницираа со контролата на летање“, рече таа.
Лунгеску додаде дека двата авиони на Балтичката воздушна полициска мисија требале визуелно да ги идентификуваат двата авиони. Исто така таа истакна дека од НАТО не знаеле кој се наоѓал во Ту-214.