Шекеринска - Најт: 25 години градиме големо партнерство
„Нема подобро место и подобро време за прослава на нашиот заеднички јубилеј одтоклу сега во нашиот главен град кога ги броиме практично последните денови до нашето членство во НАТО – Алијансата. Тоа ќе беше невозможно ако овие 25 години не профитиравме од соработката со Националната грда на Вермонт“, рече Шекеринска.
Командантот на Националната гарда на Вермонт, полковник Најт, додаде дека е воодушевен што плод на 25-годишната соработка и позитивното пријателство кое е изградено се обучените 5.000 војници, дел од кои се и негови пријатели и седат во Генералштабот на македонската армија.
„Ние сме тука и секогаш даваме поддршка за вашето членство во НАТО и истовреме очекуваме да станете 30-та членка на Алијансата“, рече полковник Најт и најави зголемување на соработката со Македонија.