Стефанова: За се ќе мора да ја прашате Катица Јанева
На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што изјави дека направила специјалната обвинителка Катица Јанева со Орце Камчев, за да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека „не е експерт за криминал“. На прашањето „дали смета дека СЈО ја изневерило јавноста“, обвинителката одговори дека „за се ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева“.