Македонски војници на вежба на НАТО во Германија
Американскиот генерал мајор Кирк В. Смит на денешниот брифинг, организиран од регионалниот центар за медиуми во Брисел, порача дека Северна Македонија е силен партнер во мисиите на НАТО. Според него, македонската армија покажала дека е способна и професионална и изрази надеж дека соработката ќе продолжи во иднина.
Бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев, командантот за специјални оперативни сили на АРМ истакна дека вежбите придонесуваат за подготвеноста на земјата за членството во НАТО и зајакнување на капацитетите на армијата. Во вежбите учествуваат околу 5000 војници од 21 земја.