Турција и САД го воспоставија центарот за управување со безбедна зона во Сирија
Турција и САД се согласија да формираат заеднички центар за операции долж североисточната граница на Сирија.
Акар додаде дека безбедната зона е планирано да биде формирана без да се губи време, во рамките утврдени со календарот.
„Во нашиот телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Еспер, се согласивме дека воените делегации ќе се соберат во Анкара за да ја започнат првата фаза и да се планираат следните фази”, рече Акар. Тој додаде дека Центарот го водат турски и американски генерал.