Рохани: Нема преговори додека САД не ги укинат санкциите
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Иран секогаш е подготвен за преговори, но дека нема намера да разговара со САД сè додека не бидат укинати сите санкции кон Техеран.
„Техеран никогаш не сакал нуклеарно оружје, но прво САД треба да ги укинат сите нелегални, неправедни и нефер санкции воведени на Иран“, рече Рохани во телевизиското обраќање.
Иранскиот претседател ова го изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е реално средбата со Рохани да се случи наредните недели.