Извештајот за Катица Јанева доставен во Собранието
Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да ја закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева. Димовски вчера изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи под итно во насока на забрзување на постапката. Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на катица Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.