Судијата го одби барањето за одложување на случајот ТНТ
Претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев рече дека барањата за изземање на Катица Јанева и Бурим Рустеми се отфрлаат.
Судијата Ставрев посочи дека судечкиот совет донел одлука дека барањата за изземање на јавниот обвинител за судот е недозволиво, и со оглед на тоа што не може да се одлучува по нив единственат цел е одложување на постапката.
„Судот смета дека ваквото барање е неосновано, со оглед дека станува збор за специјален јавен обвинител, кој согласно закон има целосна автономија“, изјави Ставрев.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од СЈО.