Талибанците извршија втор напад врз авганистански град
Талибанските милитанти наводно извршиле голем напад врз втор авганистански град, дури и откако специјалниот претставник на САД изјави дека преговарачите се на прагот да договорат ставање крај на скоро 18-годишниот конфликт.
Еден ден откако беше извршен крвав напад врз стратешки важниот северен град Кундуз, талибанските милитанти на 1 септември го нападнаа Баглан које провинциски главен град на Пули Хумри, изјави портпаролот на началникот на полицијата.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека милитантите заземале позиции во две области во Пули Хумри и оти се бореле против авганистанските безбедносни сили.
„Целиот град беше затворен“, изјави шефот на провицинскиот совет во Баглан додавајќи дека „доколку централната власт не преземе брза акција, ситуацијата би можела да се влоши.“
Кратко пред изјавата, американскиот мировен пратеник Замлај Калилзад на Твитер напиша дека преговорите меѓу САД и Талибанците се затвораат со договор, откако заврши осмата рунда преговори во Катар:
„Ние сме на прагот на договор кој ќе го намали насилството и ќе ја отвори вратата за Авганистанците да седнат заедно и да преговараат за чесен и одржлив мир.“