Димитров ќе учествува на Бледскиот стратешки форум
Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре, ќе учествува на Бледскиот стратешки Форум кој се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија, соопшти МНР.
Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност“, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите и изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.
Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој ќе се осврне на европските перспективи на Северна Македонија.
На маргините на Бледскиот Стратешки Форум предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот.