Церар - Димитров: Поддршка од Словенија, ЕУ е иднината
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Словенија, Никола Димитров и Миро Церар, на нивната денешна средба на Блед заклучиле дека европскиот наратив за малите земји е перспектива, а владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок е заштита во процесот на забрзана интеграција.
На средбата на почетокот на 14. Бледски стратешки форум биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави и било договорено продолжување на соработката во сите сфери, соопшти МНР.
„Конзистентната поддршка од Словенија и соработката на овој план е симбол на искрено пријателство и споделена европска визија. Словенечката приказна за европскиот успех е пример за целокупниот процес на проширување. Словенија беше првенец во тој контекст и инспирација за над да целиме повисоко за да ги постгигнеме нашите европски идеали. Благодарен сум и особено ја цениме вашата постојана поддршка и пријателство“, истакнал Димитров.