Иран излегува од нуклеарниот договор ако Европа не понуди нови услови
Техеран цврсто ќе отстапи од нуклеарниот договор од 2015 година, кој е потпишан со светските сили, доколку Европа оваа недела не понуди нови услови, предупреди денеска портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи.
Иран претходно го одреди петок како ден до кога Европа треба да му помогне на Техеран да ја продаде својата нафта на светскиот пазар, и покрај американските санкции.
Иран веќе ги премина ограничувањата на резерви на слабо збогатен ураниум, кој е дозволен со договорот од 2015 година. Меѓутоа, Техеран тврди дека лесно може да се направи пресврт.