Анушиќ: Претседателските избори во Хрватска во декември
Иван Анушиќ, шеф на изборниот штаб на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, изјави денеска дека претседателските избори во Хрватска веројатно ќе се одржат во втората половина на декември и поради тоа нема причина да брзаат и дека кампањата ќе започне во септември.
„Се ќе биде готово во септември и ќе започнеме да функционираме на некој начин. Претседателката има голем број државнички работи, а нејзините против-кандидати се единствените што ја извлекуваат со отворање на темата за избори и кампањи. Премиерот Андреј Пленовиќ, кој истовремено е и лидер на ХДЗ, е вклучен во се што прави изборниот штаб“, изјави Анушиќ.