За САД изборите во Црна Гора се тест за демократијата
Американскиот сенатор Линдзи Грахам изјави денеска дека изборите во 2020 година се голем тест за Црна Гора и ако бидат добро организирани тоа ќе му сигнализира на светот дека во земјата цврсто е воспоставена демократијата.
„Силите кои сакаат да го поткопаат напредокот на Црна Гора, исто така, се сили кои работат против нас и важно е да ги победиме овде. Не само заради иднината на Црна Гора, туку и за целиот регион“, рече Грахам по средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, Иван Брајовиќ.