Хакирана партијата на Курц, сомнежи за руски или турски упад
„Целта беше да се влијае и да се манипулира со изборите“, вели Курц во изјавата за виенскиот весник „Естерајх“. Хакерскиот напад се случува на три и пол недели пред предвремените парламентарни избори во Австрија.
Неофицијално, во ОВП се сомневаат дека зад нападите стојат руски разузнавачки кругови, но и поддржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои и порано вршеле сајбер-напади врз ОВП.
Курц рече дека не сака официјално да зборува за тоа кој може да стои зад нападот и дека за тоа ангажирал експерти, кои дошле до првите информации.