Жбогар: Договорете се и вратете ја довербата, тоа е поважно од датумот
Политичките партии да продолжат со напорите за да се најде консензус за законот за јавното обвинителство и да се врати довербата кај граѓаните, доверба која ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме, изјави денеска евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.
„Сега засега не е најдено решение и не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање. Да се најде решение и да се врати довербата кај граѓаните, оти во моментот тоа е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговори. Ако се обнови таа доверба, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и ќе ја признаеме таа доверба“, рече Жбогар.