Тадиќ: Идеолог на оваа власт е Шешељ, а Вучиќ е негов маркетиншки производ
Борис Тадиќ, поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), изјави дека седум години по смена на власта, Србија е остварување на сонот на Воислав Шешељ, дека земјата заостанува зад регионот и дека ова е „златно доба“ само за актуелниот пртседател Александар Вучиќ и за неговите луѓе.
„Србија е токму таму каде што ја поставија напредњаците, криминалците и белите гласачки ливчиња. Денес таа е простор за грабеж, политички простатилук, агресија и личната суета и комплексите на нејзиниот владетел и во сите сфери огледало на непросветлен апсолутизам. И тоа не пред се на Вучиќ, туку на вистинскиот идеолог и втемелувач на оваа власт - Воислав Шешељ“, изјави Тадиќ за магазинот „Неделник“.
Тој додаде дека Шешељ во суштина победил на изборите во 2012 година, додека Вучиќ е само неговиот најуспешен маркетиншки производ. Тадиќ рече дека еден од најголемите проблеми во Србија е ниското ниво на разбирање на политиката, демократијата, начините на донесување на одлуки, а без тоа, како што кажа, нема цивилизирано општество.