Чешка го ратификуваше протоколот за прием на Македонија во НАТО
Чешкиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.