Мас: Не гледам пречки Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Берлин изјави дека Северна Македонија ќе го најде својот пат кон Европската унија преку соработка и компромис, преку демократија и владеење на правото. Тој ова го кажа по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
"Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија.Северна Македонија е дел од Европа. Мора да ги почитуваме достигнувањата, Северна Македонија ќе го најде својот пат во преку соработка и компромис, преку демократија и владење на правото, објави германското МНР на твитер по средбата на Мас со Димитров.
На средбата разговарале околу надежите на нашата земја да почне пристапни преговори.