Железничка несреќа во Конго, над 50 мртви
Најмалку 50 луѓе загинаа кога воз излета од шини во југоисточниот дел на Конго, пренесоа новинските агенции повикувајќи се на локални медиуми.
„Се се случи околу три часот по локално време во градот Мајибариди, во југоисточната провинција Тангањика“, изјави министерот за хуманитарни прашања, Стив Мбикаји.
Тој додаде дека се стравува оти бројот на жртвите во несреќата може да биде поголем.