Индиденти на протестите во Хонг Конг
На денешните протести во Хонг Конг дојде до насилство при што полицијата употреби водени топови и солзавец кон демонстрантите кои фрчаа молотови коктели во близина на зградата на Владата. Илјадниците демонстранти кои излегоа на улиците и покрај полициската забрана за протест, кон полицајците покрај молотови коктели фрлаа и цигли. Засега нема информации за приведени и за предизвиканата штета.
Инаку полицијата претходно го одби барање на Фронтон за граѓански и човекови права да одржат денешниот протест, кој го наруши сообраќајот и ги принуди продавачите да затворат дел од своите објекти. Демонстрантите застанаа и пред конзулатот на Велика Британија, таму вееја британски знамиња и ја пееја британската химна во обид да добијат меѓународна поддршка за својата кауза.