Мета: Албанија е последна во регионот пред вратите на ЕУ
На Меѓународниот ден на демократијата, шефот на албанската држава Илир Мета им се обрати на граѓаните со порака, потсетувајќи дека во темелите на демократијата е гласањето, правото на секој граѓанин да избира и да биде избран, политички плурализам.
Мета изразува загриженост поради тоа што принципите и вредностите кои се столб и срце на демократскиот свет, во неговата земја воопшто не се почитуваат.
Опишувајќи ја состојбата во која се наоѓа земјата, тој вели дека денес Албанија е последна во регионот пред вратата на ЕУ и оти за тоа никој не одговара,туку напротив има уште поголемо продлаболување на беззаконието.
„Опасната појава на паралелна држава на пропаганда и јавно приватно партнерство и подземни агенди кои ја фатија за врат Албанија, не се ништо друго освен заговор против демократијата, секоја нејзина вредност и начело, против суверенитетот на сите граѓани, кои сакаат вистинска европска и западна демократија“, пишува Мета во пораката објавена на Фејсбук заедно со фотографија од декемвриските студентски движења во ’90 години.