Кацарска: Сослушувањето во Советот е порака и за другите судии
Судскиот совет денеска расправаше за претставката за резрешување на судијката Добрила Кацарска која ја поднесе сопругот на поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски. Кацарска по неколку часовното сослушување изјави дека овој потег испраќа порака и до другите судии.
„ Внимавајте, не судите како Кацарска, може да бидете повикани во судскиот совет и да треба да се браните на некој начин,“ изјави Кацарска по сослушувањето каде што истакна дека 33 години работела исклучиво по законот.
Сопругот на Јанкулоска, Илиевски во своето образложение на барањето, кое го поднел пред една година, рече дека кога Јанкулоска била во ризична бременост и два месеци потоа со јавно кажаните закани дека ќе биде присилно донесена доколку не се појави на закажаните рочишта судијката Кацарска сакала да ја оствари целта за постоење на вина на ексминистерката.
Илиевски рече дека за време на рочиштата за „Тенк“ немало соодветни услови во судницата која била неклиматизирана, пребрзо биле закажувани рочиштата, а со тоа на Јанкулоска и било прекршено правото на мајчинство и на породилно отсуство.
Кацарска тврдеше дека Јанкулоска веднаш не го известила судот дека е бремена, но откако тоа било утврдено рочиштата за неа траеле само неколку часа, а откако се породила и била и била овозможена пауза која траела час и половина.Таа ги отфрли изнесувањата во барањето за нејзино разрешување како невистинити и потенцираше дека работела во согласност со законот.